Снукер

Снукер елитата е одново во Шефилд

20.04.2014 14:04

Почна светското првенство во снукер.

Шефилд по традиција е собирниот центар на  светскиот снукер крем. Од 1927 година датира одржувањето на светските првенства, од 1977-та година тие се играат  во култниот „Крусибл Театар “ во Шефилд.До 5 мај , 32-цата мајстори на оваа игра ќе ја бијат битката за шампионската титула. На врвот од вечната победничка листа е Стивен Хендри со 7 светски титули. Од актуелната елита Рони О, Саливен  е единствениот кој  може да го достигне извонредното остварување на Хендри. О,Саливен има 5 титули зад себе. О,Саливен победнички влезе во одбрана на минатогодишната круна. Како актуелен шампион тој го отвори светското првенство со дуелот против Робин Хал од Финска. Очекувано победи со уверливи 10: 4 и се пласира за 1/8  финалето во кое за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Пери и Барнет.