Почнува скрининг процесот
Почнува скрининг процесот. Потврда на ЕУ перспективата на Македонија и поддршката од земјите-членки. Вицепремиерот за евроинтеграции и главен преговарач со Европската унија, Маричиќ во Брисел…

Почнува скрининг процесот. Потврда на ЕУ перспективата на Македонија и поддршката од земјите-членки. Вицепремиерот за евроинтеграции и главен преговарач со Европската унија, Маричиќ во Брисел.
На првата информативна средба на работната група на Советот на ЕУ, го поздравија стартот на преговарачкиот процес и најавија блиска соработка меѓу Унијата и македонските институции во пристапувањето.
Денеска се на средби со невладиниот сектор и со претставници на министерствата и институции, вклучени во таканаречениот „Кластер 1“ од преговорите за пристапување. Работната група „КОЕЛА“ е составена од претставници на 27 земји-членки на Унијата.
