МВР

Пронајден кокаин, приведено едно лице

15.09.2022 11:24

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин.

Вчера во 18.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(23) од охридското село Косел.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.