Хет трик за Хаммилтон
Трета редоследна победа за Луис Хамилтон, на четвртата трка во 65 Ф1 сезона. Британецот е првиот возач со три победи во Шангај, на 11 изданија на трката за ГН на Кина. Возачот на Мерцедес стигна до 25 победи во кариерата и се искачи на 9-та позиција на вечната листа, сериозно заканувајки им се на Алонсо и на Фетел кои што се во топ 5 со 34, односно 39 победи, ако Мерцедес продолжи да доминира со овој ритам.

Во сите претходнио сезони во останатите категории во кои што се натпреварувал, кога имал серија од три победи во календарот, на крајот на првенството Хамилтон станувал шампион. Ова е неговиот прв хет-трик во Ф1 кариерата.
Зад Хамилтон, низ целта помина Росберг кој што останува на врвот во поредокот кај возачите. Германецот имаше огромни технички проблеми во текот на целиот викенд, на трката немаше телеметрија, но и покрај се го прелета Алонсо во битката за второто место.
Шпанецот ја спаси сезоната и за себе, за Ферари и за Формула 1, а воедно му посака и топло добредојде на новиот шеф на италијанската екипа, Марко Матиачи.
Во бодови влегоа уште Рикиардо, Фетел, Хулкенберг, Ботас, Раиконен, Перез и Квјат. На врвот кај возачите е Розберг со 79, пред Хамилтон со 75 и Алонсо со 41 бод. Кај тимовите, Мерцедес е неприкосновен со 154 бода, пред Ред Бул со 57 и Форс Индија со 54. Ферари има 52 бода, на 4-та поизиција.
Следната Ф1 трка е во Барселона, од 9-10 мај на патеката Каталуња, во живо на МТВ.
