Македонија

Избрани нови членови на Судскиот совет

15.09.2022 11:56

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски се нови членови на Судскиот совет, покажуваат неофицијалните резултати по спроведените избори...

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски се нови членови на Судскиот совет, покажуваат неофицијалните резултати по спроведените избори.

Се гласаше од редот на судиите за изборните единици, Врховен суд, апелациско подрачје Скопје и управните судови и апелациско подрачје Гостивар.

Новите судии ќе ги заменат тројцата членови од Судскиот совет, Киро Здравев, Гордана Спиреска и Зоран Теофилоски, кои заминаа во пензија.