Македонија

Продолжува средбата на мешовитата комисија

15.09.2022 12:04

Втор ден од средбата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Засега не се откриваат детали за што се разговара...

Втор ден од средбата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Засега не се откриваат детали за што се разговара.

Според информациите, на маса учебниците по историја за 7 одделение. На вчерашната средба, во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти комисијата.

Мешовитата комисија пред еден месец усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на македонските учебници по историја за 6-то одделение и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил.