Дочек на Велигден во Кичево

20.04.2014 14:33

Кичевчани го пречекаа христовото воскресение во единствената црква во центарот на градот „Свети Петар и Павле“.

Велигден велат е најзначајниот ден, ги зближува луѓето и верите.

Единствената црква во центарот на Кичево „Свети петар и Павле“ беше претесна да ги прими верниците кои заедно го пречекаа Христовото воскресение.

И за младите и за постарите, Велигден е со посебно значење. „Најубав празник за христијаните. Со нетрпение го очекуваме.“

Празникот над празниците ги собра во родниот крај и кичевчани од далечниот свет.

„Ние сме дојдени од Шведска. Додовме во средата, не сме дојдени 12 години... Супер е. Се чувствуваш дома, свој покрај своето...Со семејството се собираме свечено...“ - велат кичевчани

Велигденските благослови ги зближуваат луѓето и верите, велат кичевчани...„Ни доаѓаат соседите. Ние сме мешани - и Албанци и Турци. Сепак, јас сум тука 60 години и соживотот ни е добар. На Велигден доаѓаат, ние одиме на бајрам...“ - велат кичевчани

Адетите за Велигден секаде единствени. И кичевските семејството заедно на празничната трпеза.

 

Елизабета Митреска