Состојбата со Ковид-19 е стабилна, хоспитализирани дваесетина пациенти на Инфективната клиника
Во земјава ковид статистика секојдневно бележи околу стотина новоинфицирани. Дваесетина хоспитализирани пациенти со корона вирус, по пет – шест во текот на дваесет и четири часа се јавува на преглед...

Дваесетина хоспитализирани пациенти со корона вирус, по пет – шест во текот на дваесет и четири часа се јавува на преглед. Состојбата на Инфективната клиника е стабилна, вели директорката Стевановиќ.
„Пациентите што се хоспитализирани во принцип се многу возрасни луѓе, со многу хронични и претходни болести, и практично со Ковид-19 имаат влошување на тие болести“, вели д-р Стевановиќ.
Поголем дел од пациентите не се вакцинирани. Мал дел имаат примено една или две дози, но поодамна. Имунитетот постигнат со вакцината е намален, објаснува д-р Стевановиќ.
„Посебно треба да бидат внимателни хронични болести, кои може да бидат влошени со една нова инфекција како Ковид, и да се внимава, да се препознаваат симптомите“, додава д-р Стевановиќ.
Во земјава ковид статистика секојдневно бележи околу стотина новоинфицирани. Во Хрватска и во Словенија почна имунизацијата со вакцината за варијантата Омикрон. Светската здравствена организација, најави дека наскоро ќе биде прогласен крај на пандемијата.
Наташа Јанчиќ Менковски
