13 килограми марихуана - запленети на „Табановце“

20.04.2014 14:43

Царината спречи шверц на марихуана.

На граничниот премин „Tабановце“ запленети се 13 килограми висококвалитетна марихуана, чија вредност при продажба на големо би достигнала вредност од околу 40 илјади евра. Запленетата марихуана во 26 пакетчиња, била наменета за западно европскиот наркопазар. Против осомничените веќе е поднесена кривична пријава.

„При деталната контрола е воочено дека  под резервоарот, каросеријата е свежо офарбана, китирана и видно изменета. Со остранување на китираниот дел, откриена е метална плочка  со чие остранување е откриен специјално направен бункер, во кој се пронајдени 15 кесички наполнети со трефкаста непозната материја, обвиткани со селотејп трака, пребоени со црна масна материја“, вели Наташа Радеска Крстевка, директор на царинска управа