Град Скопје

Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во клинч

15.09.2022 14:11

Советникот Галевски ја обвини Арсовска дека вршела влијание бидејќи како што рече побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица, која ја барала пред повеќе од еден месец пред да го разреши Перински...

Меѓусебните обвинувања, кавги и острата реторика од медиумите и социјалните мрежи се префрлија на седницата на Градското Собрание. Градоначалничката на Скопје Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во клинч за тендерот за пречистителна станица, тежок 160 милиони евра, поради кој беше разрешен директорот на водовод Перински. Советникот Галевски ја обвини Арсовска дека вршела влијание бидејќи како што рече побарала смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица, која ја барала пред повеќе од еден месец пред да го разреши Перински.

До вчера бев супер градоначалник, а сега не чинам откако ви ги фатив директорчињата со рацете во медот возврати Арсовска. Го прозва лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски дека да се борел со власта и спорните договори како што се бори со неа деновиве, ќе ја спасел Македонија.

По ова градоначалничката на Скопје ја напушти седницата на Градскиот совет, на која се поставуваа советнички прашања.

Викторија Милевска