Ковчегот со телото на кралицата Елизабета во Вестминстер до понеделник
Телото на кралицата ќе биде во Вестминстер следните пет дена, а секој што сака да ѝ оддаде почит ќе може да влезе и да го види ковчегот...

Ковчегот на покојната Кралица Елизабета за последен пат ја напушти Бакингемската палата со кочија. Свечената поворка помина низ улиците на Лондон обложени со знамиња.
„Кралицата е наш врховен полковник, па затоа е многу горд момент за мене да дојдам овде за да и оддадам почит. Ако треба повторно да одам и да чекам во ред уште 10 часа, не е проблем“, вели еден граѓанин.
Телото на кралицата ќе биде во Вестминстер следните пет дена, а секој што сака да ѝ оддаде почит ќе може да влезе и да го види ковчегот. Нејзините синови, принцезата Ана и принцовите Вилијам и Хари, одеа зад ковчегот на кралицата во поворката.
