Потребно е сеопфатно сексуално образование во училишта
Стручни здруженија и организации потпишаа Декларацијата „Со сексуално образование во училиштата до поздрава и побезбедна младина“ што беше претставена денеска на истоимената национална конференција во организација на ХЕРА…

Бројот на малолетничките породувања во земјава е речиси трипати поголем од земјите на Европската унија, младите релативно рано стапуваат во прв сексуален однос за разлика од своите врсници од западноевропските земји, земјава е меѓу последните во Европа според користењето контрацепција. Ова се некои од причините поради кои петнаесет здруженија и граѓански организации ја потпишаа декларацијата „Со сексуално образование до поздрава и побезбедна младина“.
Доколку возрасните не ги информираат децата, тие ќе ги наоѓаат информациите каде што се достапни, предупредувајќи на можните дезинформации засновани на заблуди.
Професорката Ставриќ оценува-клучна улога за менталното здравје на децата имаат матичните лекари, при следењето на развојот на адолесцентите.
На конференцијата се изгради ставот, децата мора да бидат информирани за своето сексуално здравје и образование, барање упатено до надлежното министерство.
Ана Ј. Тодоровска
