Вонредна состојба во Србија

20.04.2014 14:49

Поради големите поплави евакуирани стотина жители

Бранот поплави на подрачјето на Прокупље полека почнува да стагнира и  се упатува кон Житораѓа, каде е префрлен дел од силите на Секторот за вонредни состојби.Поради поплавите прогласена е вонредна состојба во Куршумлија, Лучани и Пожега. Најзагрозена точка во Србија во моментот е Заечар, каде исто така е прогласена вонредна состојба. На подрачјето на Куршумлија водата и натаму надоаѓа, во прекин се телефонските врски, Интернетот, мобилната телефонија, јави Танјуг. Во овој град загрозено е и снабдувањето со вода за пиење, па се очекува да пристигнат цистерни со вода. Оштетени се повеќе станбени и економски објекти во градот и околните села, а земјоделците ќе претрпат најголема штета. „Патишта на Србија“ издадоа предупредување на сите учесници во сообраќајот да бидат претпазливи.

 

Лидија Чакар