Македонија

Нов пакет мерки за бизнисот на 28-ми септември

15.09.2022 17:35

Пакетот антикризни мерки за енергетската криза ќе биде објавен на 28-ми септември, ветија од Влада. 10 најголеми компании, кои трошат 20 насто од струјата во земјава бараат државна поддршка...

И 10-те најголеми компании, потрошувачи на струја во земјава, ќе адресираат конкретни предлози за поддршка во новиот пакет мерки. На 28-ми септември бизнисот очекува да слушне со што државата ќе им помогне да ја пребродат енергетската криза и да ја задржат конкретноста на пазарот.

На средбата во Стопанската комора, бизнисот добиле уверување дека имаат доволни количини електрична енергија по разумни цени.

Министерот Бектеши вели, во завршна фаза се преговорите со соседите, има договорени количини за обезбедување дополните количини на струја и суровини за домашното производство во рамки на Отворен Балкан, работни групи ги финализираат методологијата и ценовната политика по која Бугарија ќе испорачува електрична енергија во земјава

Бектеши потврди дека во пакетот мерки во фокусот се компаниите што се на отворен пазар на струја, велин, ЕСМ ќе ги покрива потребите на домаќинствата и фирмите што се на регулираниот. И, додека се чека моделот на државна поддршка за справување со енергетската криза, стопанството постојано алармира дека трошоците енормно растат, во прашање е опстојување на бизнисот.

Сузана Фиданска Стоевска