Македонија

Продолжи комисиската расправа за кандидатурата на Јолевски за уставен судија

15.09.2022 19:09

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, уставните судии се бираат по желба и нарачка, а не по професионалност и способност. Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска посочи дека јавниот обвинител Јовески, како што рече, се истакнал во својата професија со тоа што не реагирал на голем број криминали...

Во Собранието и денеска попладне продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која членовите дискутираат за кандидатурата за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, уставните судии се бираат по желба и нарачка, а не по професионалност и способност. Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска посочи дека јавниот обвинител Јовески, како што рече, се истакнал во својата професија со тоа што не реагирал на голем број криминали.

Во првиот дел од денешната седница пратениците од опозицијата посочија дека власта со вакви кандидати за уставни судии ќе го партизира Уставниот суд и сите институции.

Членовите на оваа Комисија изминатите денови дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.