Свет

Швајцарскиот парламент одобри набавка на 36 борбени авиони „Ф-35А“

15.09.2022 19:47

Швајцарија одлуката за набавка на „F-35“ авиони за своето воено воздухопловство ја донесе минатата година, на што реагираше опозицијата со најава дека ќе иницира референдумско изјаснување за нејзино поништување...

Швајцарскиот парламент даде одобрение за купување 36 борбени авиони „Ф-35А“ од американско производство на авиокомпанијата „Локид Мартин“.

Швајцарија одлуката за набавка на „F-35“ авиони за своето воено воздухопловство ја донесе минатата година, на што реагираше опозицијата со најава дека ќе иницира референдумско изјаснување за нејзино поништување.

Владата соопшти дека ќе го потпише договорот пред евентуално референдумско изјаснување, со појаснување дека доколку биде пропуштена можноста, тоа ќе значи потреба од нови преговори наредната година под други услови.

Швајцарските власти, како аргумент за оправдување на набавката, ја посочуваат одлуката на Финска да купи 64 авиони „F-35 A“, како и најавите на Германија за набавка на 35 и на Канада на 88 такви авиони-ловци.