Државата легализираше една четвртина од дивоградбите
Вкупно 88 илјади граѓани успеале да ја завршат целата постапка за впишување на дивоизградениот имот во Агенцијата за катастар.

Според податоците на Kатастарот, тоа се 25% од вкупниот број поднесени барања за легализација на дивоградби во земјава, кои сега имаат имотен лист.
Сите што сакаат да легализираат некаков објект имаат рок до крај на идната година да достават геодетските елаборати. По завршувањето на тој рок, декември 2015, повеќе не ќе може да се легализираат дивоградби.
Во моментот Катастарот активно го спроведува и проектот за воспоставување катастар за инфраструктурни обејкти. Набрзо ќе го издадат и првиот имотен лист.
„Ова значи повик до сите иматели на инфратсруктурни обејкти да го забрзаат правењето на документација бидејќи законскиот е пет години, а веќе една година измина, има уште 4 години да имателите на инфратсруктурни објекти како Телеком,Мепсо,ЕВН, ОНЕ, кои имаат вакви објекти да ги премерат и да ги донесат во катастарот и да си добијат имотенлист “, Славче Трпески
Во изминатите две години, кога започна процесот на легализација на дивоградби поднесени се 360 илјади барања за легализација. Рокот во неколку наврати беше продолжен а се овозможи и легализација на тераси пренаменети во станбен простор.
Соња Јованова Наумовска
