Дополнителни субвенции за житните култури
Дополнителна субвенција за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со житни култури. Услов е, производството да го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети и да аплицираат до крајот на октомври годинава...

Обезбедена е дополнителна мерка од 5.760 денари по хектар за производителите на житни култури кои имаат остварен род на еден или повеќе хектари со пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед и кои ќе го предадат во домашните преработувачки или откупни капацитети.
Оваа дополнителнa мерка од годинава е изменета.
Наместо претходното ограничување на површините од 5 до 50 хектари, сега за да аплицираат земјоделците треба да имаат најмалку еден или повеќе хектари.
Крајниот рок за поднесување на документи е до крајот на октомври оваа година.
Обезбедена е поддршка и за набавка на вештачко ѓубриво, а со оваа помош преку Интервентниот фонд веќе се исплатени на 3.304 земјоделци.
Министерството за производство на житни култури распиша и посебен оглас за доделување под закуп на државно земјиште над 3 хектари во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари.
Досега, со овој оглас веќе се склучени повеќе од 260 договори за закуп.
Методија Трајков
