Партии

СДСМ: Ништо не се менува, во криминалната ВМРО-ДПМНЕ се караат за пари и провизии

16.09.2022 09:25

Од една страна зборуваат колку се загрижени за граѓаните, за државата, а од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој да ги земе милионските провизии. Мицкоски го интересираат само пари, бизнис зделки и влијанија, реагираат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ останува иста лицемерна и криминална партија, на која приоритет не ѝ се интересите на граѓаните и на државата, туку пари и провизии. Од една страна зборуваат колку се загрижени за граѓаните, за државата, а од друга страна во ВМРО-ДПМНЕ се скараа кој да ги земе милионските провизии. Мицкоски го интересираат само пари, бизнис зделки и влијанија, реагираат од владејачката партија.

Токму тоа е причината за јавните препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и скопската градоначлничка Арсовска. На Скопје му се случува реприза. Како што Груевски го осакати главниот град со криминалната пералница на пари Скопје2014, сега се заканува нова катастрофа  - Скопје 2024 што ја приредува Мицкоски. Граѓаните ќе го казнат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ.