Зеленски: Русија употребила 3.800 проектили
Русија употребила повеќе од 3.800 проектили против Украина, вели претседателот Зеленски. Според него, глобалната безбедност зависи од заштитата на Украина од руски ракети и дека само поддршката со оружје, муниција и финансии ќе донесе крај на војната...

Русија употребила повеќе од 3.800 проектили против Украина, вели претседателот Зеленски. Според него, глобалната безбедност зависи од заштитата на Украина од руски ракети и дека само поддршката со оружје, муниција и финансии ќе донесе крај на војната. Претходно во североисточниот украински град Изјум украинските власти пронајдоа масовна гробница со повеќе од 440 тела. Дел од луѓето биле убиени од гранатирање и воздушни напади.
„Како одговор, ние мора да покажеме дека секогаш ќе има остра и принципиелна реакција на секоја манифестација на руски терор. Затоа е потребен осмиот пакет санкции на ЕУ. Заштитата на Украина од руски ракети е навистина основен елемент на глобалната безбедност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Белата Куќа најави дополнителна воена помош од 600 милиони долари за Украина. САД воведоа нови санкции против повеќе од 30 руски субјекти, соопшти денеска американското Министерство за финансии.
