Узбекистан
Киргистан и Таџикистан се договорија да ги прекинат судирите
16.09.2022 10:18
Претседателите на двете земји учествуваат на Регионалниот безбедносен самит на Шангајската организација за соработка што се одржува на 15-ти и 16-ти септември во Узбекистан...

Претставниците на Киргистан и Таџикистан се договорија да ги прекинат судирите на заедничката граница додека траат преговорите меѓу двете страни.
Претседателите на двете земји учествуваат на Регионалниот безбедносен самит на Шангајската организација за соработка што се одржува на 15-ти и 16-ти септември во Узбекистан.
На самит на Шангајската организација за соработка присуствуваат и претседателите на Русија, Кина, Индија, Казахстан, Киргистан, Пакистан, Таџикистан и Узбекистан.
