Франција
Ер Франс откажа половина од летовите поради штрајк
16.09.2022 10:18
Националниот сојуз на контролори на летови, кој бара зголемување на платите поради инфлацијата и ангажирање дополнителен персонал, повика на штрајк во Франција и нејзините прекуокеански територии...

Ер Франс откажува 55 насто од летовите на кратки и средни дестинации и 10 проценти од летовите на долги релации поради штрајкот на француските контролори на летање.
Дополнително, можни се доцнења и откажувања на летови. Националниот сојуз на контролори на летови, кој бара зголемување на платите поради инфлацијата и ангажирање дополнителен персонал, повика на штрајк во Франција и нејзините прекуокеански територии.
