Скопје

Поставени нови заштитни столобови на градските сообраќајници за безбедност на пешаците

16.09.2022 10:21

На истите локации се санирани и постојаните заштитни столобчиња, кои беа оштетени од несовесни граѓани се со цел одржување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и за спречување на непрописното паркирање на возилата.

По налог на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје изминативе денови поставија над 100 заштитни столобови  на  булеварот „Гоце Делчев“, булеварот „Трета Македоска Бригада“, улицата „11-ти Октомври“ и на улицата „Димитрие Чуповски“.

На истите локации се санирани и постојаните заштитни столобчиња, кои беа оштетени од несовесни граѓани се со цел одржување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и за спречување на непрописното паркирање на возилата.

Денес екипите на Улици и патишта продолжуваат со поставување на заштитни столбчиња на останатите улици каде што има потреба од нивната функција, а во текот на наредниот период како дел од тековните активности на претпријатието паралелно продолжуваат активностите за одржувањето на сообраќајната опрема и сигнализација на градските улици и булевари, стои во соопштението.