МВР: 269 санкции за брзо возење
Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи.
Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
