Италија

Најмалку седум загинати во поплави во Италија

16.09.2022 11:19

Обилни дождови и поплави доцна синоќа го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, додека три се водат за исчезнати, јавија денеска италијанските медиуми...

Обилни дождови и поплави доцна синоќа го погодија централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, додека три се водат за исчезнати, јавија денеска италијанските медиуми.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. За два до три часа паднале околу 400 милиметри дожд, по што се поплавени улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

Спасувачите со сплавови се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија за да стигнат и да ги евакуираат луѓето.

Спасувачите сè уште трагаат по преживеани, соопштија властите.