Фудбал

Металург го победи Вардар

20.04.2014 17:58

Металург славеше во дербито од 28-то коло на Првата македонска фудбалска лига. „Металурзите“ со 2:1 го совладаа Вардар во натпреварот кој требаше да се одигра вчера, а беше одложен поради лошата состојба на теренот во Автокоманда.

Металург поведе со голот на Митревски во 41-та минута. Во последните моменти од дербито беа постигнати два гола. Во 4-та минута од судиското продолжение Далчевски  зголеми на 2:0, а во следната минута Ивановски од пенал го постигна единствениот гол за Вардар. Ова беше 8-ма победа на Металург во меѓусебните дуели, со која  значително ги зголеми шансите во трката за шампионската титула. Вардар падна на петтата позиција. Во трката за шампионските почести и натаму се пет екипи предводени од Работнички. В среда следат  нови два  дерби натпревара во Скопје:Работнички - Металург  и Вардар-Пелистер. Редоследот на табелата по 28-то коло е следниов:

 

Табела:

1.Работнички           53

2.Хоризонт               50

3.Металург               50

4.Пелистер               50

5.Вардар                   48

6.Шкендија              42

7.Брегалница           39

8.Ренова                   36

9.Еуромилк              32

10.Македонија ЃП   26

11.Напредок             14

12.Гостивар              14