Османи: Има време за уставни промени
До ноември 2023-та кога треба да заврши скринингот, има време за уставни промени што е услов за отворање на поглавја во преговорите со ЕУ, оценува шефот на дипломатијата Османи. Според него се менува атмосферата за промена на Уставот...

До ноември 2023-та кога треба да заврши скринингот, има време за уставни промени што е услов за отворање на поглавја во преговорите со ЕУ, оценува шефот на дипломатијата Османи. Според него се менува атмосферата за промена на Уставот по иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ во полза на донесување одлука во Собранието за внесување на бугарската заедница во Уставот.
За новата иницијатива за референдум на Левица, Османи смета дека партијата работи под руско влијание спротивно на стратешките цели на државата за членство во Европската унија.
Османи вели дека се работи на исполнување на сите преземени обврски кон Бугарија за да не дојде до нов застој на евроинтеграцијата. Дел е и македонско-бугарска комисија за историја, за која е формиран Секретаријат за помош на македонските историчари, за да се забрза нивната работа како обврска од протоколот со Бугарија.
Османи смета дека со ова, комисијата ќе биде потранспарентна за одлуките што ги носи за историските прашања.
Ирина Гелевска
