Се бара повисока цена за откуп на тутун
Крајот на бербата е на годинашнава реколта тутун, која ќе биде на нивото на ланското производство. Договореното од близу 26.000 тони нема да се постигне, дали ќе премине и 18.000 тони, сметаат производителите. Бараат зголемена цена за 20 до 25 насто за да остане на нивите оваа индустриска култура...

Цената на исплатливоста ќе го одреди и тутунопроизводството. На крајот од бербата, родот се смета за добар, а количествата се на ниво на лани намалените. Дождовите колку толку ги нормализираа количествата, но и ја забрзаа бербата.
За откупот наново се бара зголемување на цените по класи. Еден од откупувачите најавил повисоки цени за 15 проценти. За тутунарите оптималното покачување е 20 до 25 насто.
Без исплатлива цена, тутунопроизводството е во голема опасност. Откупната кампања ќе го одреди новото тутунопроизводство во земјава.
Елизабета Митреска
