Заев и Лoквенец во посета на Дојран
Лидерот на Социјал демократскиот сојуз, Зоран Заев заедно со носителот на листа во четвртата изборна единица Хари Лoквенец беа во посета на Стар и Нов Дојран. Заев го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите христијански верници. Поради велигденските празници СДСМ деновине не одржува митинзи. Во нов Дојран средба со сопартијци а подоцна беше остварена и средба со месното население.

Со искрени намери, чесен пристап и чесен концепт до крај ја бараме поддршката од граѓаните велат од Социјал демократскиот сојуз.
Новиот концепт на социјал демократите е со идеа да се врати средната класа. Со нов концепт, сосема нов пристап, нови лица.Покажавме на сите дека граѓаните пред се е новата визија на социјал демократите. Граѓаните од нас очекуваат да ја водиме битката, да бидеме предводници до крај, храбри, да ги охрабриме. Подготвени сме да ја водиме државата домаќински и одговорно.
Земјоделците со својата пот и работа заслужиле да се почитуваат. Народот сака да живее во благосостојба, како социјал демократи нема да заборавиме да се бориме за еднакви права на сите“,тврдат од сдсм.
Велат дека реформираниот Социјал демократски сојуз ќе сврти нов лист за подобра Македонија. Нивна цел била да ја оправдаат довербата кај граѓаните. Задоволни се од постигнатиот резултат во првиот круг на претседателските избори, поддршка бараат и од албанците. И претседателскиот кандидат предложен од социјал демократскиот сојуз Стево Пендаровски е без активности за велигденските прзници. Досега тој во својата изборна програма се фокусираше на трите приоротети економија, демографија и демократија. Потенцира дека активно ќе учествува во остварувањето на стратешките цели на земјата а тие се интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.
Неговиот концепт е да му пријде на граѓанинот со име и презиме независно од која вера, нација и партиска припадност е. Во програмата на Стево Пендаровски е издвоено дека уставот треба да се почитува а слободите и правото се изклучително значаен сегмент. Не смее никој да го прескокнува уставот а тој ќе се спротиставел секогаш кога би биле повредени начелата, духот и нормите на уставот. Тврди дека ќе се залагал за демократски вредности, човечко достоинство и граѓански слободи.
