Македонија

Левица поднесе кривична пријава против Џафери

16.09.2022 12:34

Левица до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Џафери, бидејќи своеволно и спротивно на Уставот, законот и деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање 150 илјади потписи за распишување задолжителен референдум за Законот за ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија...

Левица до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Џафери, бидејќи своеволно и спротивно на Уставот, законот и деловникот го оневозможил спроведувањето на граѓанската иницијатива на државно ниво за собирање 150 илјади потписи за распишување задолжителен референдум за Законот за ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија.

Собранискиот спикер се товари дека, намерно и со умисла, преку противуставното, противзаконското и противделовничкото одбивање на уредната граѓанска иницијатива, поднесена од 646 граѓани сторил тешко кривично дело против изборниот систем-спречување на избори и гласање, информираа од Левица.

Ваквото дело според Кривичниот законик е казниво со минимум три години затворска казна.