Не ѝ се пишува добро на млечната индустрија
Без стратегија за изработка на интегриран систем и комплетно редефинирање на системот на субвенционирање, на млекопроизводството и млекопреработувачките капацитети не им се пишува добро, велат дел од првите луѓе на компаниите. Само на таков начин може да се зголеми веќе преполовениот сточен фонд, но и да се создадат услови со кои ќе се напаѓаат странските, а ќе чува домашниот пазар.
Ако на европско ниво последните 15 години млекопроизводството се држи стабилно на сметка на намалување на квантитетот, а зголемување на продуктивноста, кај нас во континуитет бележи пад. Сточниот фонд речиси да е преполовен. Сооднос кој за толку се отсликува и во откупеното сурово млеко. Од млекопреработувачката индустрија велат-не ѝ се пишува добро на оваа гранка, доколку не се делува по два основи. За да се надминат актуелните состојби, апелираат да се направи комплетно редефинирање на системот на субвенции, бидејќи оваа професија не треба да биде обично хоби.
За Златко Најдовски, извршен директор на млекопреработувачки капацитет, неопходно е час поскоро да се започне со стратегијата на интегриран систем со реална датабаза на податоци, каде сите субјекти во млечната индустрија ќе можат заемно да влијаат по европски тип.
Млечната индустрија важи за еден од десетте најтешки бизниси во светот. Без следење на состојбите во реално време, тешко може да се носат правилни одлуки, вели Најдовски. Стравува дека енергетската криза ќе направи дополнителни потреси во гранката која засега задоволува околу 60 проценти од домашните потреби.
Стевче Митревски
