Град Скопје

Вработени во Водовод бараат објаснување од Арсовска зошто останале без работа

16.09.2022 13:43

На стотина вработени во Водовод и канализација не им се продолжени договорите за работа. Тие дојдоа пред градот Скопје барајќи објаснување од градоначалничката Арсовска, зошто од денес остануваат без работа...

На стотина вработени во Водовод и канализација не им се продолжени договорите за работа. Тие дојдоа пред градот Скопје барајќи објаснување од градоначалничката Арсовска, зошто од денес остануваат без работа. Од Конфедерацијата на синдикални организации велат дека ова е реваншизам, а работникот е жртва на меѓупартиските кавги. Бараат итна средба со градоначалничката, во спротивно ќе го блокирале градот Скопје.

И партиите со реакција за случувањата во Водовод. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Арсовска е непромислена и побараа наместо реваншизам кон недолжни работници, да ја запре постапката за прекинување на договорите за работа. Од СДСМ пак бараат претседателот Мицкоски да одговори која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра.

Додека траат кавгите на релација Арсовска ВМРО-ДПМНЕ, уште три Јавни претпријатија остануваат без директори. Оставка поднесоа првите луѓе во ЈСП Скопје, Лајка и ЈП Улици и патишта, бидејќи како што велат немале соработка со Арсовска. Пред два дена оставка дадоа директорите на Паркинзи и на Дрисла, се ова следува откако беше разрешен директорот на Водовод Златко Перински.

Викторија Милевска