Тенис

Прв мастерс за Стан

20.04.2014 18:45

Победи во Австралија, добрата форма ја потврди во Монте Карло. Станислас Вавринка е победник на третиот мастерс тениски турнир сезонава, откако во големото финале го совлада својот сонародник Роџер Федерер во првото-историско сешвајцарско финале во Монте Карло.

2 часа и 13 минути треаше битката меѓу добрите пријатели. Вавринка играше против традицијата во меѓусебните дуели со Федерер со само 1 триумф и дури 13 порази во претходните соочувања, но по победата токму во Монте Карло пре 5 години , тогаш во 1/8финалето, сега Вавринка стигна и до првиот мастерс трофеј во својата кариера. Почитта кон најголемиот во историјата се чувствуваше во играта на Станислас, почна во грч, пропушти брејк шанса во првиот сет, го загуби својот сервис , а и сетот со 6-4. Два рани брејка на двете страни го обележаа вториот сет што се решаваша во тај-брејк. И тука се сврте мечот. Вавринка го освои вториот сет и ја презеде контролата. Брзо во третиот сет направи два брејка, поведе со 4-0 и се беше јасно. 6-2 во третиот сет и победа со 2-1. Во третото мастер финале конечно Вавринка стигна до првиот трофеј и се зацврсти на третата позиција на АТП ранг листата што му беше под закана токму од Федерер.Можеби во големото финале во кнежевтвото недостасуваше ривалитетот што го нудат мечевите меѓу првите два фаворита Надал и Ѓоковиќ вклучително и Федерер, но љубителите на тенисот видоа квалитетен дуел , исполнет со атрактивни поени, одлична тактика и неизвесност во поголемиот дел од дуелот.

Следниот предизвик за најдобрите тенисери ќе биде мастерсот во Мадрид од 5-13 мај.