Лондон

Двајца полицајци избодени со нож во центарот на Лондон

16.09.2022 13:58

Двајца британски полицајци беа избодени со нож денеска во центарот на Лондон, напаѓачот е во притвор, пишуваат медиумите, повикувајќи се на Скотланд Јард...

Двајца британски полицајци беа избодени со нож денеска во центарот на Лондон, напаѓачот е во притвор, пишуваат медиумите, повикувајќи се на Скотланд Јард.

Полицајците се пренесени во болница, каде им се пружа медицинска помош.

Инцидентот се случи за време на засилените безбедносни мерки поради претстојниот погреб на кралицата Елизабета Втора, закажан за в понеделник. На улиците низ Лондон се распоредени илјадници полицајци.