Македонија

Јовески: За дисциплинската на Русковска треба да се обезбедат докази

16.09.2022 14:06

За дисциплинската на Русковска треба да се обезбедат докази-изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески. За тоа треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески…

Во постапката против обвинителката Вилма Русковска и двете нејзини колешки треба да се обезбедат докази и за нив да се изјаснат засегнатите, вели републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Тој неодамна против нив иницираше постапка за дисциплинска одговорност поради сомненија за пропусти во постапувањето при претресот во просториите на Финансиската полиција. Оваа постапка не е завршена.

Новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе се избира со гласање на сите 163 обвинители во земјава, на избори закажани за 31-ви октомври. На огласот ќе може да се пријават и обвинителите против кои се води дисциплинска постапка. Важно е, покрај општите услови, да имаат непрекинат стаж од шест години и во последните три, да биле позитивно оценети.

Пред случувањата со финансиската полиција, Русковска поднесе документи на конкурсот во републичкото обвинителство, но како што појасни Јолевски одлука за тоа кој ќе ги пополни двете испразнети места сè уште не е донесена.

Анита Димитријевска- Велковска