Русија и Кина ги здружуваат силите
Рускиот претседател Путин против напорите за формирање на „еднополарен свет“, а кинескиот Џинпинг за играње на улога на „велесила“ со Русија. Ова се пораките од состанокот на двајцата лидери на самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, прв од стартот на руско-украинскиот конфликт...

Рускиот претседател Путин против напорите за формирање на „еднополарен свет“, а кинескиот Џинпинг за играње на улога на „велесила“ со Русија. Ова се пораките од состанокот на двајцата лидери на самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, прв од стартот на руско-украинскиот конфликт.
„Отворени сме за соработка со целиот свет. Нашиот сојуз не е од блоковска природа. Даваме поддршка за проблемите со енергијата и храната, предизвикани од бројните систематски грешки кај водечките глобални економии“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Кина сака да соработува со Русија за да преземе одговорност на големите сили, да игра водечка улога и да внесе стабилност и позитивна енергија во светот кој е во хаос“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.
Шангајската организација за соработка е формирана од Русија и Кина како противтежа на влијанието на САД.
