МВР

Приведен крадец од Куманово осуден на три и пол години казна затвор

16.09.2022 17:07

Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување казна затвор од 2 години, а бил осуден на затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“...

Денеска во 14.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(32) од Куманово. Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување казна затвор од 2 години, а бил осуден на затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната, информираат од МВР..