Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и ветер

17.09.2022 08:57

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. На места врнежите ќе бидат пообилни (се очекува да наврнат и над 25 л/м2 воден талог). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ=4

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 26 степени.