Велика Британија

Подготовки за погребот на кралицата

17.09.2022 09:19

Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора, закажан за в понеделник. Утрово беше извршена проба за церемонијата, во којашто учествуваа илјадници војници...

Велика Британија се подготвува за погребот на кралицата Елизабета Втора, закажан за в понеделник. Утрово беше извршена проба за церемонијата, во којашто учествуваа илјадници војници.

Граѓани со часови чекаат во километарски редици за да му оддадат почит на монархот, кој 70 години беше на тронот. Лондонската полиција соопшти дека настанот в понеделник ќе биде најголемиот безбедносен предизвик досега.

На погребот се очекува да бидат присутни стотици монарси и шефови на држави и влади од светот.