Украина

Пронајдена масовна гробница во Изјум

17.09.2022 09:50

Властите во Киев тврдат дека наводно откриле нова масовна гробница на североистокот на земјата во областа Харков, која е повторно под нивна контрола...

Властите во Киев тврдат дека наводно откриле нова масовна гробница на североистокот на земјата во областа Харков, која е повторно под нивна контрола.

Повеќе од 440 тела се пронајдени во масовна гробница во градот Изјум. Според претседателот Зеленски станува збор за цели семејства.

Русија без коментар. Владимир Путин одговара дека сака војната да заврши, но дека Киев сака борбите да продолжат. Истакна дека и покрај напорите на турскиот претседател, Зеленски одбива мировни преговори.