Прилеп

Градежниците бараат ажурност од институциите

17.09.2022 12:21

Во Прилеп со години градежни дозволи се бараат како лек. Во небрано се институции кои може да ги загубат доделените средства, а градежниците се со скрстени раце во очекување состојбата да се нормализира. Дали доаѓаат поповолни времиња за прилепското градежништво...

Прилепската гимназија стравува дека ќе ги загуби 5-те милиона денари од Министерството за образование за нова канализација и партерно уредување на дворот зашто со месеци не може да добие градежна дозвола од градските власти. Страшно е, велат, во кризни времиња доделени средства да не се искористат.

Градежната оператива во Прилеп со години седи со скрстени раце. Околу 7 дозволи за градба на не толку големи објекти во пет години ги забави развојот на градот и работниот ангажман на градежниците. Тие сметаат дека сега состојбата се придвижува иако треба време да се нормализира. Ќе се справуваат и со дефицитот од градежници.

Прилепските градски власти уверуваат дека гимназијата нема да ги загуби средствата. Кадровските преструктурирања во локалниот урбанизам, тврдат, ќе ги раздвижат работите и наскоро градењето ќе се нормализира.

Елизабета Митреска