ЛДП
Милевски ќе се повлече од министерската функција
17.09.2022 13:16
Горан Милевски ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа. Тој ја потврди информацијата објавена во дел од медиумите...

Горан Милевски ќе се повлече од функцијата министер за локална самоуправа. Тој ја потврди информацијата објавена во дел од медиумите.
Вели дека по 3 годишно извршување на функцијата министер, смета оти е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП.
Тој негира дека во партијата постои раздор и вели дека до крајот на годинава треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат одлуки за идниот развој на ЛДП.
Милевски во 2015 година ја наследи лидерската позиција во партијата од Андреј Жерновски.
