Струмица пред ново одбојкарско славје!
Екипата на Струмица е пред шампионска промоција во Првата одбојкарска лига на Македонија...

Водството од 2-0 и поголемиот квалите во однос на Синалко, гарантира дека финалната серија од разигрувањето за титулата ќе заврши со денешниот трет чин. На претходните два натпревара струмичани победуваа убедливо, во минимален број сетови, и што е поважно, беа доминантни. Тоа важи и за првиот меч на којшто беа домаќини и во петокот кога славеа во Крушево.
Тимот на Струмица досега има четири пехари, два шампионски и два во купот. Последниот го освои во Пробиштип пред десетина дена, што значи дека триумф во петтото одмерување на силите со Синалко во период од само шест дена, на составот на Кире Ричлиев ќе му ја донесе двојната круна. Синалко, пак, го има задоволството првпат да игра финале во некоја од нашите одбојкарски конкуренции, па самиот настап во оваа фаза е историски успех за клубот.
Натпреварот Струмица – Синалко почнува од 17 часот, а ќе можете да го гледате со пренос на Собранискиот сервис на МРТ.
