Македонија

Одбележани 30 години германско-македонска соработка

17.09.2022 14:50

Триесет години германско-македонска соработка, учење едни од други. Многубројните проекти се доказ за оваа соработка. Целта беше и целта е земјата да се движи напред на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, да има одржлив развој за подобар живот на луѓето во хармонија со природата и животната средина, истакна амбасадорката на Германија Анке Холштајн во обраќањето на прославата по повод три децении соработка меѓу Германија и Северна Македонија што се одржа во Градскиот парк...

Музика, игра и дожд на одбележувањето на три децениската соработка меѓу Македонија и Германија во Градскиот парк во Скопје. Амбасадорката Анке Холштајн потсети за многубројните проекти, размена и соработка на сите нивоа меѓу двете земји во сите 30 години. Потсети и која е целта во иднина.

„Целта беше и целта е земјата да се движи напред на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, да има одржлив развој за подобар живот на луѓето во хармонија со природата и со животната средина“, изјави Анке Холштајн, амбасадорка на Германија.

Во иста насока продолжува соработката и со Друштвото за меѓународна соработка ГИЗ, кои, пак, поддржуваат, планираат и финансираат разни проекти ориентирани кон иднината. ГИЗ ја спроведува Програмата за супер училишта кои на учениците од регионот им овозможува да се сретнат, да ги разбијат предрасудите и да создаваат пријателства и соживот.

„Задоволен сум што постои динамика, јасно е разочарувањето дека овој процес оди бавно, но навистина се забележува нова динамика барем кај Германија која навистина е посветена да и помогне на државата во овој интегративен процес“, изјави Давид Оберхубер, директор на Германското друштво за меѓународна соработка.

Одбележувањето на „30 години германско-македонска соработка“ беше со мото „Од луѓето за луѓето“.

Катерина Топалова