Во Битола Конвенција „Првата помош спасува живот“, по повод Светскиот ден по прва помош
Со дефилето по Широк сокак ја најавија, а со симулациски вежби за давање на прва помош општинските организации на Црвениот крст од земјава ја одбележаа Конвенцијата посветена на одбележувањето на Светскиот ден по прва помош. Граѓаните со симпатии на ваквата конвенција. Од Црвениот крст велат дека надоградувањето на знаењето по давање на прва помош мора да биде на агендата...

Под мотото „Првата помош спасува живот“ општинските организации на Црвениот крст го започнаа практичниот дел на Конвенцијата посветена на Светскиот ден по прва помош. Од обични скршеници до реанимација и епилептични напади беше содржината на симулациските и медотско показните вежби наменети за граѓаните пред сè помладата популација. Оние кои некогаш како професионални возачи или во некоја друга ситуација имале прилика да видат што значи да се владее со познавањето на основите на првата помош го поздравуваат денешниов настан.
Првите луѓе на Црвениот крст велат дека основната цел е да се влијае на подигнување на свеста кај граѓаните, но и обновување на некогаш стекнатите знаење кои можат живот да спасат до пристигнувањето на медицинските екипи.
Инаку манифестацијата започна со дефиле по Широк сокак на општинските организации, а како една од содржините беше и промоција на традицијата и културата на средините од каде доаѓаат.
Стевче Митревски
