Гостивар

Убиство во Гостивар, застрелано едно лице

18.09.2022 09:32

Едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје вчеравечер во центарот на Гостивар. Според првичните информации се работи за убиство на кое му претходела расправија...

Едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје вчеравечер во центарот на Гостивар. Според првичните информации се работи за убиство на кое му претходела расправија.

Според СВР Тетово, вчеравечер околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварец Г. А.

На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на здобиените повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.