Јапонија

Евакуација пред налетот на тајфунот Нанмадол

18.09.2022 10:09

Околу два милиони луѓе во југозападниот дел на Јапонија добија наредба да се евакуираат пред моќниот тајфун кој се очекува денеска да го погоди регионот...

Околу два милиони луѓе во југозападниот дел на Јапонија добија наредба да се евакуираат пред моќниот тајфун кој се очекува денеска да го погоди регионот.

Откажани се најмалку 335 летови кои требаше да полетаат или да пристигнат на аеродромите во Јапонија во недела.