ЦУК: На Кораб од инфаркт починал 60-годишен планинар
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал.
Несреќата се случила додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над полициската станица Стезимир.
Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската станица зашто во таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање.
-Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот кој добил инфаркт веќе бил починат, наведува ЦУК.
