„Црковен музеј“ за заштита од иконокрадците и заштита на сакралното богаство
Во заштитата на македонското културно наследство треба да се вклучат сите надлежни институции.
Пред налетот на временските неприлики но и вандализмот на крадците, непроценливото сакрално богатство полека исчезнува. Идејата за црковен музеј можеби ќе биде спас од овие појави.
Во заштитата на непроценливото духовно наследство, приоритет, да му дадеме на она што може да ни изчезна пред налетот на вандалити и временските непогоди е една од предвелигденските пораки на митрополитот Г. Петар. Во таа насока Преспанско - Пелагониската Епархија оди чекор напред. Надлежниот владика ги понуди еден од репрезентативните староградски облекти добиен со денационализацијата. Но неговото прераснување во „Црковен Музеј“ не би можело да оди си брзо темпо доколку финансиски не помогне државата или бизнис секторот.
„Објектот од наша страна е веке даден. Тоа е поранешната општинска зграда. Сега треба да обезбедиме само доволно средства. Ние даваме се од себе. Но во моментов не можеме самите да ја обезбедиме финансиската конструкција потребна зградата да се опреме по стандардите за еден Црковен Музеј“, рече владиката Петар.
Согласно со своите можности постојан придонес во заштита на црковното богатство создавано низ вековите дава и битолскиот „Завод и Музеј“. Само осум месци по опожарувањето на црквата во пелагониското село Долно Егри, успеа да реставрира 26 фрески зиден живопис насликан во времето на познатиот зограф Јован Михаилов.
„ Со макотрпна работа и примена на современита методи на реставрација и конзервација успеавме да спасиме она што можеше да се спаси и беше навистина многу оштетено. Откако ке се обнови црквата ке ги вратиме на старото место“, вели Ристо Палигора виш конзерватор.
Ваквата постојана грижа е мора да биде приоритет сметаат и експертите затоа што Македонија според она што го располага се вбројува во земјите со исклуцително значајно духовно богатство во православниот христијански свет.
Стевче Митревски
