Се подготвува стратегија за спречување тероризам
Земјава е лидер на Балканот во превенција и борба со насилен екстремизам-велат од Националниот совет. Сепак, не само со исламскиот радикализам, соочени сме со домашниот национален екстремизам, што е со намален интензитет, но не е искоренет-смета координаторот на Комитетот, Апостолоски...

Од земја во која се регрутираа борци за странски војски за тероризам во 2013-2014, сега сме земја лидер на Зпаден Балкан која превенира и се бори против насилниот екстремизам, велат од Националниот комитет. Над 1.000 луѓе од регионов учествувале во вакви војски, добар дел од нив се наши сограѓани, што не е за потценување. Како земја потписничка на меѓународните документи за нивна репатријација системот и институциите мора да ги подредиме на нивна ресоцијализација и реинтеграција. И не само со исламскиот радикализам, соочени сме со домашниот национален екстремизам, што е со намален интензитет, но не е искоренет, смета координаторот на комитетот Апостолоски.
Експертите предупредуваат дека ваквите појави во време на руско-украинската војна наоѓа свое упориште во незападните земји и често може да се употреби за дестабилизација на земјава.
Невладините порачуваат да се направат анализи кои ќе се употребат за стратегиско планирање на следните чекори.
Спроти подготвувањето на четиригодишната национална стратегија, комитетот се мобилизира заедно со невладините, претставниците на верските заедници, медиумите и други невладини тела за целосен одговор како да се спречи тероризмот, но и да се придобие довербата на повратниците од војните во институциите на земјата.
Фиљана Кока
